ВИДЕО | Меган Маркл не му се јавила на татко ѝ кој се опоравува од мозочен удар, тврди нејзиниот брат

Томас Маркл доживеа мозочен удар, Фото: YouTube - принтскрин

Минатата недела таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, Томас доживеа тежок мозочен удар. Тој беше фотографиран во амбулантно возило во Мексико, од каде наводно бил префрлен на лекување во САД. По мозочниот удар 77-годишникот започна со опоравување но, го имаше изгубено својството за говор. Сега, братот и сестрата на Меган ја критикуваат бидејќи не стапила во контакт со болниот татко.

Томас Маркл Џуниор и Саманта Маркл, тврдат дека војвотката не контактирала со нејзиниот татко и не го прашала како се чувствува откако претрпе мозочен удар. Томас, братот на Меган, моментално е во Мексико каде живее нивниот татко. Тој рече дека Томас Маркл постариот се опоравува во својот дом и сè уште не може да зборува, за „GBN“, а пренесува „Daily Mail“.

„Татко ми има ист број и иста адреса, но Меган не се јави ниту се обиде да го добие. Гласините за тоа како се слушнале откако се случило тоа едноставно не се точни, јас сум со него цело време и јас му помагам. Мојата сестра не се јави.“ изјави Маркл.

Дека Меган не се јавила на нејзиниот татко по мозочниот удар, тврди и нејзината сестра Саманта.

„Тој не може да зборува, но може да пишува пораки. Ќе му треба половина или една година целосно да се опорави и повторно да зборува. По два срцеви удари, пандемија и мозочен удар, тој сè уште закрепнува прилично добро“, рече Саманта.

Меган и Хари деновиве треба да заминат за Лондон за да го прослават платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.

ФОТО | Таткото на Меган Маркл, Томас доживеа мозочен удар и не може да зборува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот