ФОТО | Таткото на Меган Маркл, Томас доживеа мозочен удар и не може да зборува

Томас Маркл доживеа мозочен удар, Фото: YouTube - принтскрин

Таткото на Меган Маркл, Томас, доживеа тежок мозочен удар, пренесува „Daily Mail“. 77-годишникот бил фотографиран додека го ставале во амбулантно возило во Мексико, од каде наводно бил префрлен на лекување во САД.

Требало да патува за Англија

Маркл доживеа мозочен удар само неколку дена пред да отпатува во Лондон за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, каде што имал намера да се сретне со семејството.

 

„Потресен сум што морам да го соопштам ова само седум дена пред Томас да ми се придружи во Лондон за да ја прослави 70-тата година на кралицата на тронот во специјалната емисија за моето шоу GB News, исполнувајќи ја неговата долгогодишна желба да го посети замокот Виндзор“, тој британскиот новинар Ден Вутон.

„Но, суровиот пресврт на судбината сега ќе го спречи да тргне на своето патување додека закрепнува во болница, исто како што ја пропушти свадбата на неговата ќерка со војводата од Сасекс откако доживеа срцев удар. Дознав утрово дека имаше мозочен удар и неговата ќерка Саманта ме замоли да не ја известувма веста додека тој е подложен на дополнителни тестови за да се утврди сериозноста на мозочниот удар, но американски сајт ја објави“.

Имал проблеми со крвниот притисок

Маркл не може да зборува по мозочниот удар и ќе биде задржан на лекување некое време, пишува „Daily Mail“. Неколку денови пред ударот имал проблеми и со крвниот притисок кој бил постојано висок.

Да потсетиме, Томас Маркл не присуствуваше на венчавката на прицот Хари и Меган откако беше откриено дека се согласил на исценирани папарацо фотографии. Како изговор ја наведе претстојната операција на срцето. Меган го прекина контактот со него набргу по венчавката, а тој подоцна често го критикуваше нејзиното однесување и одлуки во медиумите.

ФОТО | Меган Маркл го бакна принцот Хари на спортски настап: Со модниот избор потсети на Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот