ВИДЕО: Медведев блеска и сонува до крајот на годината да го престигне Ѓоковиќ

Данил Медведев (Русија) успешно стартуваше на турнирот „Индијан Велс“/Калифорнија, САД/9 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Данил Медведев по освојувањето на грен слем турнирот „УС Опен“ каде што го урна сонот на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ на патот кон календарскиот слем, продолжи каде што застана.

Рускиот тенисер на турнирот „Индијан Велс“ ја оправда фаворитската улога против Мекензи Мекдоналд од САД со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:2.

Негов нареден ривал во 1/16 финалето ќе биде Србинот Филип Крајиновиќ кој со 7:6 (2) и 7:6 го елиминираше Американецот Маркос Гирон.

25-годишниот Медведев е во одлична форма сезонава, а ова му беше 17 триумф во последните 18 дуели.

– Многу сум задоволен, бидејќи обично не играв така добро во „Индијан Велс“, а не бев толку добар ниту на тренинзите пред почетокот на турнирот. Задоволен сум од играта, тоа е најважно – рече Медведев.

Доколку Русинот продолжи во ваков ритам, има добри шанси до крајот на годината можеби да го престигне и моментно првопласираниот на АТП листата, Ѓоковиќ. А тоа ќе зависи и од српскиот ас кој во следниот период треба да потврди уште каде ќе настапи во 2021. На АТП листата 34-годишниот Ѓоковиќ има 11,633 поени, а Медведев собра 10,575 поени.

Од другите мечеви доцна синоќа во Калифорнија В. Поспишил при негатива од 3:0 го предаде мечот со Д. Шаповалов, потоа Г. Димитров со 6:4 и 6:2 го совлада Д. Алтмајер, А. Карацев беше убедлив против С. Карузо (6:0, 6:2), А. Рубљов со 6:3 и 6:4 беше подобар од К. Табернер, а успешни беа уште Л. Херис и Т. Пол.

Мислам дека Ѓоковиќ во некој момент ќе мора да се вакцинира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот