Мислам дека Ѓоковиќ во некој момент ќе мора да се вакцинира

Ѓоковиќ е актуелен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Поранешниот австралиски тенисер Тод Вудбриџ смета дека во овие моменти е мала веројатноста на Австралија Опен да учествуваат тенисери кои не се вакцинирани против коронавирус.
Стартот на првиот годинешен грен слем турнир е закажан за 17 јануари идната година, и Вудбриџ смета дека тенисерите и тенисерките ќе мора да се вакцинираат доколку сакаат да настапат во Мелбург.

– Тешко дека Новак ќе може да настапи без да се вакцинира. Тој веќе беше позитивен на коронавирусот и веројатно е дека чувствува некоја посебна сила против тоа. Во останатиот дел од светот се прави тоа што се прави, и мислам дека Новак во некој момент ќе мора да се вакцинира – вели Вудбриџ.

За вакцинацијата нема да одлучува Тениската федерација на Австралија туку владата на Викторија. Засега правилата се дека доколку Новак сака да дојде и да игра на Австралија Опен ќе мора да се вакцинира. Лично мислам дека тоа е добра работа. Веќе некое време на тенисерите и тенисерките им се потенцира дека вакцината е најверојатното сценарио доколку сакаат да пристигнат во Австралија.

Ѓоковиќ е актуелен шампион на Австралија Опен, а дополнителен мотив за настап во Мелбурн му претставува тоа што тој заедно со Рафаел Надал и Рожер Федерер имаат по 20 грен слем титули, а српскиот тенисер има дури девет триумфи на првиот годинешен грен слем.

Бидејќи влогот за Новак е голем, мислам дека сериозно ќе размисли за вакцината. Сака да ги престигне Рафа и Рожер, а во Австралија највеќе победуваше. За мене би претставувало шок доколку не дојде во Австралија – додава Вудбриџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот