ВИДЕО | Мајка одбива да го искапе бебето по раѓањето: Сè останува на неговата кожа неколку недели

Фото: Принтскрин/ТикТок

Во првите денови со бебето има толку многу пресврти што родителите се постојано преплавени, делумно со чувства и делумно со исцрпеност, но целосно со љубов. Првото гушкање, првото доење, првото капење …

Во случајот на една мајка од ТикТок, капењето отсуствувалонекое време. Таа им објаснила на своите следбеници зошто не го капела своето бебе неколку недели по раѓањето.

„Ние всушност не се капеме првиот месец“, вели Шахнта во видеото на ТикТок кое собра повеќе од 8,2 милиони прегледи од неговото објавување. Таа објаснува дека нејзините поголеми деца ги чистеле и капеле по раѓањето, но со последното дете приказната е поинаква.

„Ози воопшто не беше исчистен или капен откако се роди“, вели таа. „Сè со што е родено бебето остана на него додека не падне природно. Верниксот е всушност многу добар за нивната кожа, многу е хидратантен, речиси е масен. Го имаше во малите набори на вратот, го имаше во неговите уши, на прстите, на ножните прсти, тоа е најдоброто. Знам дека на некои можеби им е одвратно, но кога бебето е твое, го доживуваш како нешто прекрасно. Нема да го капеме уште неколку недели“.

@hoareboys Reply to @leylaniramos14 ♬ original sound – Shahnta Hoare


Реакциите беа поделени, некои рекоа дека го направиле истото, додека други остро се спротивставија

„Се колнам! Мирисот е луд. Бев зависничка од него. Не ги бањав моите бебиња додека не наполнија еден месец”, одговорила една мајка.

„Еден месец!” напиша друга, додавајќи емотикон за повраќање.

Третиот напиша: „Не можам да замислам ништо полошо …“

Верниксот и вашето новороденче

Верниксот „Vernix caseosa“ е заштитна супстанца која ја обложува кожата на вашето новороденче во утробата. По раѓањето на бебето, верниксот изгледа како бело сирење и обично се чисти.

Според една студија објавена во магазинот „Scholarship for the Care of Women, Childbearing Families and Newborns“, одложувањето на капењето на новороденчето за 24 часа е поврзано со намалената зачестеност на хипотермија и хипогликемија кај здравите новороденчиња. Неколку други студии исто така го поддржуваат овој податок, но ниту една не советува верниксот да се чува на кожата на детето цел месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот