ВИДЕО | Кристина Димитри ја откри најголемата причина за разводот од Кајмакоски: „Сакав моето дете да расте во здрава средина“
Пејачката Кристина Димитри отворено проговори за еден од најтешките периоди во нејзиниот живот, разделбата со поранешниот сопруг Даниел Кајмакоски. Во емисијата „Нешто конкретно“ кај водителката Снеже Велков, таа откри дека одлуката за развод ја донела пред сè поради добросостојбата на нивниот син Давид.
Препорачано
На прашањето дали внимавала да не се расправа пред детето со неговиот татко, Кристина беше директна:
„Другата страна не го сфати тоа, затоа и се разделив. Сакав моето дете да расте во здрава средина. Сега моето дете ќе полни девет години, тој е со здрава психа, насмеан, среќен и нема допирна точка со ништо што е лошо. И тоа треба да е мисија на секој родител“.
Кристина во една прилика призна дека во моментот на разделбата имала само 22 години и дека се соочила со сериозни животни предизвици:
„Јас бев прилично млада, имав 22 години кога се разделив. Во тој момент, бидејќи многу работи испуштив затоа што бев посветена на домот и на сопругот, морав да запишам факултет, да земам возачка дозвола, неколку различни стипендии и лиценци и да работам паралелно. Да не се лажеме, тоа е навистина психички тежок период. Треба да се излечиш од сето тоа и да бидеш здрав, пред сè, за своето дете. Мојот син тогаш имаше една година. Ти си дете, имаш дете и имаш трауми“.

Иако периодот бил тежок, Кристина денес вели дека е горда на одлуката што ја донела, бидејќи нејзиниот син расте во стабилна и мирна средина.
Од друга страна, Кајмакоски денес живее во Србија, каде што има ново семејство и две деца од вториот брак.
Приказната на Кристина е потсетник дека понекогаш најтешките одлуки се носат од љубов, особено кога станува збор за децата и за нивното здраво и безбедно растење.


