ВИДЕО: Крај за Кирјос, Хачанов за првпат полуфиналист на грен слем

Карен Хачанов на две победи од освојување на „УС Опен“/фото: EPA-EFE/Peter Foley

Карен Хачанов е во полуфиналето на грен слем турнирот „УС Опен“ откако после маратон од три часа и 40 минути игра и пет сета го совлада Ник Кирјос.

Русинот го елиминираше австралискиот тенисер со 7:5, 4:6, 7:5, 6:7 (3) и 6:4 и за првпат во својата кариера е полуфиналист на еден од грен слем турнирите.

За пласман во големото финале Хачанов ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд кој со 3:0 во сетови 6:1, 6:4 и 7:6 (4) беше подобар од Матео Беретини (Италија).

Втората полуфинална двојка кај мажите ќе се комплетира по завршувањето на останатите два четвртфинални мечеви, Јаник Синер – Карлос Алкараз и Андреј Рубљов – Френсис Тиафо.

Во женска конкуренција Онс Жабер од Тунис во четвртиналето ја совлада Алја Томљановиќ (Австралија) со 6:4 и 7:6 (4) и во полуфиналната фаза ќе игра против Французинката Каролин Гарсија кој со 6:3 и 6:4 триумфираше над Американката Коко Гоф.

Треба да се одиграат и преостанатите четвртфинални мечеви, Ига Швјонтек – Џесика Пегула и Каролина Плишкова – Арина Сабаленка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот