ВИДЕО | Конференциска лига: Велковски и Риека ремизираа со ПАОК, Тотенхем ќе брка негатива

Тотенхем загуби минимално во првиот меч со португалската Фереира/Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Денеска се одиграа првите натпревари од плеј-офот за пласман во групите на Конференциската лига, од фавориритет Рома славеше кај Трабзонспор, а Тотенхем загуби на гостински терен од Фереира.

Во Трабзон после првото полувреме немаше голови, а во вториот дел Пелегрини донесе водство за римската „волчица“, па израмни Корнелиус, а конечниот епилог го постави Шомуродов за минимална предност на римскиот клуб пред реваншот на „Олимпико“.

Тотенхем ќе мора да брка негатива на возвратниот дуел во Лондон, откако загуби минимално од Фереира во Португалија. Домаќините дојде до победата во 45 минута со голот на Лукас Силва.

Базел како домаќин триумфираше над Хамарби (3:1), Андерлехт ремизираше со холандскиот Витесе (3:3), додека Феенорд со 5:0 беше подобар од Елфсборг.

Од македонските интернационалци Давид Атанаскоски не доби шанса од клупата во домашниот пораз на казахстанскиот Шахтар Караганди од израелскиот Макабл Тел Авив (1:2).

Енис Фазлагиќ го одигра целиот меч за словачката Жилина која убедливо беше совлада кај чешкиот Јаблонец (5:1).

Риека беше многу блиску во Грција да се врати со минимален триумф, Хрватите водеа од 33 минута со погодокот на Лепињица, а во самиот финиш од средбата домаќините го избегнаа поразот благодарение на автоголот на Галешиќ (90+4`).

За гостинската екипа на клупата за резервни играчи беше Дарко Велковски, но не доби минутажа.

Конференциска лига

Плеј-оф, први натпревари, резултати –

Шахтар Караганди – Макаби Тел Авив 1:2
Флора – Шамрок Роберс 4:2
КуПС – Унион Берлин 0:4
Карабах – Абердин 1:0
Раков – Гент 1:0

Х. Беер Шева – Анортозис 0:0
ЛАСК – Ст. Џонстон 1:1
Нефчи Баку – Макаби Хаифа 3:3
Плзењ – ЦСКА Софија 2:0
Рига – Линколн Ред Импс 1:1

Жалгирс – Бодо/Глимт 2:2
Базел – Хамарби 3:1
Фола – К. Алмати 1:4
Трабзонспор – Рома 1:2
Андерлехт – Витесе 3:3

Феенорд – Елфсборг 5:0
Јаблонец – Жилина 5:1
ПАОК – Риека 1:1
Рен – Розенборг 2:0
Сиваспор – ФК Копенхаген 1:2
Фереира – Тотенхем 1:0
22:30 часот Санта Клара – Партизан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот