ВИДЕО | Којзнае по кој пат остана без Оскар, но буквално го украде шоуто: Глен Клоуз (74) покажа како се танцува!

Глен Клоуз/Профимедиа
Фото: Профимедиа

Без проблем стана и во елегантниот фустан заигра пред сите…

Иако овогодишнешното доделување на Оскари пројде без никакви скандали, за малку добра забава се погрижи легендарната Глен Клоуз (74) која во преносот во живо, пред милионите гладачи од целиот свет „заигра со задникот“.

Со осум номинации за Оскарите, Глен го држи рекордот во најмногу актерски номинации беа ниту една победа, но спаѓа и меѓу петте актерки во историјата на Академијата кои собрале толкав број на номинации. Иако и оваа година златната статуетка „и побегна“, 74-годишната ѕвезда од филмот „Hillbilly Elegy“ се погрижи нејзиното доаѓање на доделувањето на најпрестижните филмски награди и тоа како на сите да им остане во сеќавање.

Имено, еден од водителите неочекувано ги испрашуваше холивудските ѕвезди во малиот оскаровски квиз, барајќи од нив да погодат дали песната која ја слушаат била номинирана за Оскар, дали освоила награда или не. За време на испрашувањето тој стигна и до легендарната актерка која ја погоди песната „Da Butt“, која во 1988 ја изведуваа „E.U.“ во филмот „School Daze“, по што стана и ги покажа своите танцувачки способности.

На општо воодушевување на присутните, Глен во синиот елегантен фустан добро „го затресе“ задникот и за тоа беше наградена со голем аплауз, а не беше потребно долго за нејзиниот танц да стане вирален хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот