ВИДЕО: Карди Би прогласена за жена на годината – Многумина не се среќни, но на неа воопшто не и е гајле!

профимедиа

Некои сметаат дека пејачката, која оваа година издаде само една песна, не ја заслужила оваа титула…

Раперката Карди Би е прогласена за жена на годината според изборот на „Билборд“, а признанието ќе и биде врачено во месец декември.

Меѓутоа, оваа вест не ги израдува сите. Имено, некои сметаат дека Карди, која оваа година издаде само една песна, не ја заслужила оваа титула. Всушност, важно е да се нагласи дека песната која ја издаде таа воедно е еден од најголемите хитови оваа година. Станува збор за песната „WAP“ која ја отпеа заедно со Меган Ти Сталион.

– За сите вас кои приговарате дека имам само една песна. Да, имам само една песна. Сите тоа го знаете. Тоа е онаа песна која најмногу се продаде, најмногу се прикажуваше, најмногу се слушаше, и онаа поради која Републиканците „цвилеа“ на „Fоx News“ и …. Песна поради која вашите баби ги покажувавте на „TikTok“. И да, цела оваа година сум инфуенсерка, ви говорев да гласате, и тоа не само кога Бајден се натпреваруваше против Трамп, ве предупредував и за сенаторите… Ги трошев своите пари да се состанам со луѓето како што е Берни Сандерс. Патував, уморна по концертите. Да, тоа сум јас!, им порача Карди на хејтерите во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Песната „WAP“ предизвика бројни реакции веднаш штом излезе во август, а многумина уште тогаш ја прогласија за најконтроверзна песна на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот