Селин Дион - Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Како Селин Дион го „украде“ Божиќ: Музичката дива на урнебесен начин им ги честиташе празниците на фановите

Музичката дива Селин Дион на Бадник ги насмеа своите следбеници, откако објави урнебесно видео во кое се појавува, ни помалку ни повеќе, како Гринч. Пејачката на оригинален начин ја рекреираше култната сцена од филмот „Како Гринч го украде Божиќ“ (How the Grinch Stole Christmas) од 2000 година, а сето тоа го зачини со стихови од својот голем хит „All by Myself“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

На почетокот од видеото, 57-годишната Дион, облечена од глава до пети во костим на Гринч, седи покрај камин со кучето во скут и театрално го пее рефренот од својата позната песна. Потоа следува монолог кој неодоливо потсетува на филмската верзија.

„Каква дрскост – ме поканија во последен момент! Дури и да сакав да дојдам, распоредот не ми го дозволува тоа“, вели Селин, па продолжува да набројува што ја очекува таа вечер:
„Четири часот – вежбам вокал. 4:30 – ги будам децата. 5 – го решавам светскиот глад, ама никому не му кажувам. 5:30 – џезерсајз. 6:30 – вечера со мене, тоа не можам повторно да го откажам! 7 – се борам со моите креативни идеи. Презафатена сум!“

Потоа додава и модерен пресврт:

„Секако, ако ги поместам креативните идеи за во 9, ќе имам време да лежам во кревет и бескрајно да скролам Тикток видеа. Или, можам едноставно на сите да им посакам Среќен Божиќ и Среќна Нова година.“

Видеото завршува со враќање на песната и стихот: „Кога бев млада, никогаш не ми требаше никој.“ Во описот, Селин духовито додаде: „Тивка ноќ? Не додека сум јас тука…“

Овој празничен клип доаѓа речиси еден месец откако Дион, на која во 2022 година ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност, на Денот на благодарноста сподели емотивна порака со своите следбеници. Тогаш ги повика да „забават, длабоко да вдишат и да бидат благодарни“.

„Бескрајно сум благодарна за моето семејство и за заедничките моменти кои за мене значат сè“, напиша таа.

Од дијагнозата наваму, Селин ретко се појавува во јавноста, но во последните месеци беше забележана како ужива во концерти во живо. Во октомври, заедно со своите три сина, го посети концертот на Пол Мекартни во Лас Вегас, а во јуни и настапот на „Колдплеј“ во рамки на турнејата Music of the Spheres.

Тогаш таа разговараше и со фронтменот на бендот, Крис Мартин, кој ѝ посвети дел од настапот:

„Селин, моја прекрасна сестро. Ти правиш моето срце да оди понатаму и понатаму, блиску и далеку. Ти си вистинска суперѕвезда. Да ѝ аплаудираме на легендарната Селин Дион, те сакаме“, изјави Мартин, според снимка споделена од обожавателите на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот