ВИДEO | „Италијанска работа“ со малку драма: Мадона не успеа да го скрие фластерот под окото за време на престојот во Венеција
Поп-иконата Мадона престојува во Италија последниве денови откако ја објави својата улога во хит-сатиричната серија. Имено, додека го подготвува својот прв албум по шест години и ја снима втората сезона од сатиричната ТВ-емисија „The Studio“, Мадона беше фотографирана во Венеција, а фотографиите што се појавија ги загрижија нејзините обожаватели.
Препорачано
Пејачката изгледала повлечено додека влегувала во такси за време на престојот во историскиот италијански град, но она што на сите им паднало во очи бил фластерот под нејзиното око, кој се обидела да го скрие со големи очила за сонце, пишува „Дејли мејл“.
Таа е во Венеција веќе една недела за да ја снима втората сезона од споменатата серија, за која неодамна беше објавено дека ќе ѝ се приклучи на веќе ѕвездената актерска екипа. Кога слетала на аеродромот Марко Поло на 15 март, носела голема шапка која ѝ ги покривала очите додека се пробивала кон автомобилот што ја чекал.
Нејзините понатамошни појавувања биле исто така мистериозни, била видена како се крие под уште една огромна шапка, пред нејзината придружба да ја скрие од јавноста со многу чадори.
За ТВ-серијата „Студио“, која е силно фокусирана на Холивуд, сосема е соодветно што Мадона ќе се појави во претстојната втора сезона на ѕвездената сатира на Сет Роген. На објава на социјалните мрежи, таа е снимена во гондола на Големиот канал во Венеција додека чита сценарио. Описот гласи:
„Италијанска работа“.
Во серијата, Роген (кој е и коавтор) го игра Мет Ремик, филмски директор кој е унапреден во претседател на измисленото студио „Континентал“.


