Греам Нортон - Фото: EPA/NEIL HALL

ВИДЕО | Греам Нортон ја продава куќата која првично била штала: Во неа живееле Клаудија Шифер и Лени Кравиц

Британскиот водител и комичар Греам Нортон одлучил да направи огромна промена во својот живот, да ја продаде својата куќа. Иако планирал да се пензионира во оваа шармантна куќа од 19 век, која некогаш била штала каде што се чувале коњи, сепак на крајот решил да ја стави на продажба.

Патем, тој ја купил куќата во 2002 година, а поранешната штала била реновирана, од Клаудија Шифер. Во истата куќа едно време живеел и Лени Кравиц.

Имотот сместен во срцето на Њујорк го освоил на прв поглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Kann & Team (@thechriskannteam)

– Кога ќе влезете во оваа населба, Снифен Корт, го губите чувството дека сте во центарот на Менхетен – рече еднаш Нортон, осврнувајќи се на трикатната куќа што има две спални соби и две бањи.

Греам ја продава и својата куќа на брегот на Темза во Лондон. Има четири спални соби и моментално е на пазарот малку поскапа од онаа што сè уште ја поседува во Америка. Според локалните медиуми, тој бара 6,38 милиони долари за овој имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот