ВИДЕО: Ѓоковиќ како „гладијатор“ за полуфинале во Рим!

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Најдобриот тенисер на светот се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим откако го елиминираше Стефанос Циципас со 4:6, 7:5 и 7:5.

Мечот започна во текот на вчерашниот ден, но истиот поради дожд продолжи денеска со позитива од 1:0 во сетови за грчкиот натпреварувач.

Но, Новак Ѓоковиќ никогаш не се предава и на крајот успеа да направи пресврт за пласман во следната фаза.

Следен ривал ќе му биде Италијанецот Лоренцо Сонего кој исто така мораше со пресврт да дојде до победата.

Првиот сет го освои Андре Рубљов (6:3), но следните два му припаднаа на домашниот тенисер (6:4, 6:3). Од претходно е веќе познато дека во полуфиналето силите ќе ги одмерат вториот носител Рафаел Надал и Рајли Опелка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот