ВИДЕО+ФОТО | Вистинската љубов е уште посилна во тешките времиња: Прекрасни фотографии од венчавката на двајца бездомници

Фото: Профимедиа

Фотографиите од венчавката на парот бездомници го освојуваат светот како емотивен потсетник дека вистинската љубов е уште помоќна во тешките времиња.

Розалин Ферер (50) и Ромер Баско (55) од провинцијата Пампанга на Филипините речиси 25 години се заедно. Живеат со своите шест деца во колибата и се мачат да ги прехранат собирајќи секундарни сировини. Никогаш немале ниту време ниту средства да ја официјализираат својата врска, но љубовта не им недостасувала.

Фото: Профимедиа

А потоа случајно, налетале на Ричард Странза, сопственикот на фризерски салон, кој бил трогнат од фактот дека тие се толку долго заедно, а не можат да си дозволат ниту скромна венчавка, што одлучил да го собере својот тим и да им помогне во таа мисија.

Фото: Профимедиа

Тој им помогнал да ги обезбедат документите за дозвола за венчавка, а планира да го финансира и нивното црковно венчавање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rab4Love Studios (@rab4love)

Во меѓувреме, настанаа фотографии на кои Розалин и Ромер се трансформирани во насмеан пар од поканите за венчавка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rab4Love Studios (@rab4love)

„Некогаш сонував за венчавка, но тогаш бев девојче. Одамна тоа веќе не ми е на ум. Никогаш немавме доволно пари и само размислувавме за тоа како да обезбедиме доволно храна за тој ден. Толку сум благодарна што се случува ова“, призна Розалин, која со насмевка позираше во раскошната венчаница, со долг вел и букет покрај љубовта на својот живот, во контраст на своето тажно секојдневие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachelle Seysey (@iamrachelleagoc)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот