Ен Хатавеј - Фото; EPA/RYAN SUN

ВИДЕО | Ен Хатавеј на Оскарите се појави со „ново лице“, а многумина се прашуваат само едно – зошто?

Актерката Ен Хатавеј беше една од оние кои синоќа привлекоа најмногу внимание на доделувањето на Оскарите. Убавата актерка на церемонијата пристигна во фустан од „Валентино“, а на сцената се појави заедно со поранешната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур, промовирајќи го филмот „Ѓаволот носи Прада 2“.

Иако многумина беа воодушевени од нејзиниот младешки изглед и од нивното заедничко појавување на сцената, некои сепак заклучија дека актерката можеби направила премногу естетски зафати на лицето.

Хатавеј на доделувањето се појави промовирајќи ја комедијата од 2006 година, која на 1 мај добива продолжение. Симпатичниот момент меѓу актерката и една од највлијателните личности во модниот свет не остана незабележан. Но за многу гледачи пред малите екрани, токму лицето на актерката привлече најголемо внимание и предизвика бројни шпекулации на социјалните мрежи.

Ен Хатавеј – Фото; EPA/RYAN SUN

„Што направи Ен Хатавеј со своето лице и зошто?“, „Ен Хатавеј го претстави своето ново лице“, „Дали Ен Хатавеј направила пластична операција? Лицето ѝ изгледа чудно. Речиси е непрепознатлива“, беа само дел од коментарите на корисниците на платформата Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот