ВИДЕО: Експерт за кралски бонтон го откри необичниот начин на кој кралицата Елизабета јаде банани

Фото: Инстаграм/ Unsplash/Eiliv-Sonas Aceron

Кралицата Елизабета Втора неодамна го прослави својот 96-ти роденден, а оваа година таа слави и 70 години од своето владеење, со што стана британски монарх со најдолг стаж. Необични и интересни детали од нејзиниот живот секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста, а тука не се исклучени ниту нејзините прехранбени навики.

Дарен Мекгрејди, поранешен личен готвач на британското кралско семејство, во својата книга, „Eating Royally“, го објасни начинот на кој кралицата јаде банани. Тој објасни дека кралицата Елизабета Втора го отсекува врвот и крајот од бананата и откако ќе ја отвори, ја дегустира со нож и вилушка. Како што нагласи тој, таа бананата ја сече на помали парчиња за да не се случи кинење и дегустирање на бананата „како мајмуните“.

Експертот за бонтон Вилијам Хансон во видео на ТикТок ја покажа точната техника што кралицата ја користи кога јаде банани.

„Вака кралицата јаде банана. Со вилушка ја држиме бананата, а потоа ги отсекуваме двата краја. Потоа го вртиме ножот на страна и ја сечеме кората за да ја извадиме бананата. На крајот сечеме помали парчиња и ја јадеме бананата“, вели Вилијам кој го во видеото го објаснува необичниот начин на кој кралицата јаде банана.

@downtown_t This is how the queen would eat a banana นี่คือวิธีที่ควีนอังกฤษเสวยกล้วย credit: bbc/documentary owners 🍌 #queen #queenelizabeeth #etiquette #platinumjubilee #queenofengland #queenbirthday #royalfamily #bananas #howtoeat ♬ original sound – Downtown_t

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот