Дијамант од милион долари — Зои Кравиц го покажа свршеничкиот прстен од Хари Стајлс
Актерката Зои Кравиц вчера беше забележана во Њујорк како гордо го носи својот нов свршенички прстен, само неколку дена откако во јавноста протекоа детали за романтичното запросување од музичката ѕвезда Хари Стајлс. Според експертите за накит, станува збор за уникатно парче кое вреди вистинско богатство, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Прстенот изгледа како десеткратен дијамант во овална форма, поставен во жолто злато. Најверојатно е изработен по нарачка и чини околу 1 милион долари“, велат извори за странските медиуми.
Блиски пријатели на 37-годишната актерка откриваат дека таа веднаш рекла „да“. Хари Стајлс ја побарал нејзината рака на многу романтичен и традиционален начин, а Зои на пријателите им признала дека е „лудо вљубена во него“ и дека најмногу ја цени неговата нежност и поддршка.
За 32-годишниот Хари Стајлс ова е прва официјална свршувачка, додека Зои Кравиц зад себе има еден брак со Карл Глусман и беше свршена за актерот Ченинг Тејтум до октомври 2024 година.
Двојката првпат беше забележана заедно минатиот август, а врската стана сериозна кога Хари почна да поминува време и со нејзиниот татко, легендарниот Лени Кравиц. Музичарот неодамна призна дека по долга пауза од кариерата сфатил оти во животот му недостасува семејство и вистинска блискост, а се чини дека токму во Зои ја пронашол вистинската личност за тоа.


