ВИДЕО | Д-р Божидар Кочовски: 30-годишна негрижа за младите лекари причина да заминат во странство

д-р Божидар Кочовски
д-р Божидар Кочовски, Здружение на млади лекари / Утрински брифинг

Заминуваат најдобрите лекари, за да успееш во друг систем мора да поседуваш напредни вештини. Секако дека има соодветни подготовки пред да заминат како совладување на јазикот на земјата во која одат и полагаат голем број тестови кои мора да ги поминат. Имаме доста квалитетен кадар но покрај миграција надвор имаме и миграција внатре односно кон приватниот сектор. Одговорноста и поставеноста на македонскиот здравствен систем мора да има некаков тек, мора да има стратегија каде ќе се движиме, вели за Утрински брифинг, д-р Божидар Кочовски од Здружението на млади лекари.

Педијатрите се сведени на перцепција на општи лекари. Лекарската комора беше целосно инертна во сите овие процеси и не се вклучи активно во лоцирање на проблемите кои испливаа на површина со ковид пандемијата и во решавањето на истите, додава тој.

-Ковидот лоцираше и дека нема интеграција во здравствениот систем. Само интегриран пристап кон лекување на болните може да ни влее надеж согласно протоколите дека ќе создадеме систем како во останатите развиени земји. Имаме смртност лкоја што е огромна мора да размислиме каде грешиме но премногу сме суетни за да разговараме за тоа, вели за УБ, д-р Божидар Кочовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот