ВИДЕО | Бјанка Ценсори ужива во валкан танц со пријателка: Реакцијата на Канје е хит

Фото: Принтскрин/ Твитер

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, уживала во ресторан во Мајами каде нејзината пријателка играла валкан танц во нејзиниот скут.

Бјанка, која гордо ги покажа голите гради во боди во боја на кожа, потоа беше видена како се смее и ја охрабрува својата пријателка додека таа ѝ тверка во скутот. За цело време Вест разговарал со пријателите, не обрнувајќи внимание на „валканиот танц“ на двете пријателки, пишува „Дејли меил“.

Клипот е снимен само два дена пред контроверзниот настан на кој се преслушувал новиот албум на Канје Вест во вторникот, по што коментаторите низ интернет раперот го нарекоа „одвратно човечко суштество“, бидејќи носел црна качулка на Кју Клукс Клан.

За работите да бидат уште полоши, тој и раперот Таџ Дола Сијн ја извеле нивната контроверзна песна „Vultures“, која содржи експлицитни стихови за Еврејките: „Како сум антисемитист? Јас само јадам еврејски ку****. ” Ова не е прв пат Канје да носи црн дуксер во стилот на ККК. Го носеше и на почетокот на неговиот спот за „BLKKK SKKKN HEAD“, во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот