ВИДЕО: Атиџе и Сузана ја промовираа песната „Од Бекирлија до Битола“

атиџе сузана турунџиева
ФОТО: Принтскрин/Youtube

Хероината од „Медена земја“ Атиџе Муратова заедно со пејачката и водителка Сузана Турунџиева во средата вечер ја промовираа новата заедничка песна насловена „Од Бекирлија до Битола“.

Атиџе и Сузана снимија и видеоспот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“. Музиката и текстот се на Сузана Турунџиева, а за аранжманот се погрижи Роберто Поп Димитров.

Видно расположени, Атиџе и Сузана уживаа во нивната вечер и им позираа на фоторепортерите. Не можеше а да не се забележи трансформацијата на Атиџе, која се појави со нова фризура, облечена во убав фустан со принт и сандали со високи потпетици.

ФОТО | Новиот изглед на Атиџе Муратова: Прекрасна фризура и шминка како дел од подготовките за спотот „Од Бекирлија до Битола“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот