ФОТО | Новиот изглед на Атиџе Муратова: Прекрасна фризура и шминка како дел од подготовките за спотот „Од Бекирлија до Битола“

Facebook
Facebook

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.


Овој пат двете дами уживаа во еден козметичко – фризерски салон каде Атиџе доби нова фризура и елегантна шминка, а потоа со Сузана заминаа во еден скопски ресторан на чорба.

Поводот за новиот изглед на Муратова е дел од подготовките за снимањето на првиот заеднички видео спот за песната „Од Бекирлија до Битола“ на Турунџиева и хероината од филмот „Медена Земја“.

„Точно време за омилената чорба со пастрмка на Атиџе. Кој пробал, тој знае!“ – стои во објавата на Турунџиева.


Сузе и Атиџе ја продолжија дружбата со чаша црвено вино во домот на пејачката бодрејќи ги нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот