ВИДЕО АНКЕТА: Студирам за да научам, не знам дали ќе останам во државава

Денес е првиот академски час за новата 2023-2024 година со што и официјлно стартува на нова студентска година. „Слободен печат“ ги праша студентите колку се задоволнии од условите кои ги нуди универзиетот „Кирил и Методиј“, за наставните програми и постдипломските студии, дали студират за да знаењето го применат овде или да заминат за странство.
Бруцошите се на самиот старт, планираат да останат во државава, велат дека образованието им е многу битно. Другите пак заминувањето во странство го гледаат како можна опција.
– Јас сум бруцош, се запишав на Институтот по историја, многу ме интересира тоа, сакав многу да научам. Планирам да останам овде, не планирам да продолжам во странство- вели студент на Филозофски факултет.
Друг објаснува дека условите по факултетите се во ред има менза, соодветни предавални.
– Слушнав дека годинава има нова акредитација, бруцошите ќе почнат со ова програма. Јас сум втора година, иислам дека е многу важно да го студираме она што го сакаме- вели друг студент.
Тој не е сигурен дали после дипломирањето ќе остане во државава.
-Не знам дали ќе останам овде, не сум размислувал. Планирам овде да работам засега- вели студентка на Филолошки факултет.
Студент на Филозофскиот факултет вели дека условите за постдипломци се одлични.
– Има промени во наставните програми од годинава. Се надевам дека ќе останам- вели еден магистрант.
Апсолвентка вели дека нема промена на програмите 20 години. Трета година е на филолошки. Нејзин колега се гледа како професор. Студира англкиски јазик и книжевност и за сега не размислува за постдипломски студии.
Целата анкета на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете ја овде: