Ал Пачино / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

ВИДЕО | Ал Пачино заигра и покажа како се слави роденден – актерот наполни 86 години

Легендарниот холивудски актер Ал Пачино повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради филмска улога, туку поради видеото кое  ја откри опуштената атмосфера на неговата роденденска забава.

Имено, се појави видео од прославата на неговиот 86. роденден, кое брзо почна да кружи на социјалните мрежи. Видеото го прикажува познатиот актер како ужива во музиката и танцува без двоумење, покажувајќи дека годините се само бројка за него.

Пачино беше видливо расположен и го прослави својот роденден во друштво на блиски луѓе. Неговата поранешна Беверли Д’Анџело исто така беше на роденденската забава. Иако се разделија во 2004 година, тоа не ги спречи заедно да го прослават 86-тиот роденден на легендарниот актер.

Овој спонтан момент ги воодушеви обожавателите, кои во коментарите истакнаа колку е инспиративно да се види легенда како него во толку светло издание. Многумина забележаа дека токму оваа енергија и харизма го одржуваат на врвот на филмската индустрија со децении.

Интересно е што Ал Пачино и претходно привлекувал внимание на своите роденденски забави. Иако е познат по своите сериозни и интензивни улоги во култни филмови, моменти како овој ја покажуваат неговата порелаксирана и хумористична страна.

ВИДЕО | Филмот „Ритуал“ со Ал Пачино е вистинска приказна за егзорцизмот кој ја леди крвта во вените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот