ВИДЕО | Филмот „Ритуал“ со Ал Пачино е вистинска приказна за егзорцизмот кој ја леди крвта во вените
Еден од најдобрите актери на сите времиња, добитникот на Оскар, Ал Пачино, ќе нè води низ приказна што со децении го интригира американскиот континент. Со својот извонреден талент, поглед и зачудувачки глас, Пачино, заедно со Ден Стивенс, Ешли Грин и други членови на екипата, оживеа на големото платно приказна што ја доведува во прашање моќта на верата, силата на карактерот и ја претставува најтемната димензија на вонземното.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Филмот „Ритуал“ ќе биде на редовниот кинорепертоар, шокантна вистинска приказна за најпознатиот егзорцизам во американската историја и првобитната битка помеѓу доброто и злото.
Како свештеник во црквата „Свети Јосиф“ во Ерлинг, Ајова, отец Џозеф Штајгер водел тивок и посветен живот. Во есента 1928 година, на отец Штајгер му се обратил некој со итен проблем … Со години, 46-годишната Ема Шмит страдала од застрашувачки напади на несвестица, одбивност кон свети предмети и други неописливи заболувања. Нејзината состојба била документирана во медицински извештаи, записи за ментална хигиена и лични дневници. По обемниот психијатриски третман кој не помогнал, нејзиниот свештеник предложил поинаков пристап – церемонијален егзорцизам. За ритуалот бил избран осамениот манастир во парохијата на отец Штајгер.
И покрај сериозните сомнежи, отец Штајгер се согласил да ја надгледува церемонијата. Теофил Рајзингер, мистериозен монах чие претходно искуство со егзорцизам предизвикало контроверзии, бил избран да го изврши егзорцизмот.
По пристигнувањето на Ема во Ерлинг, темнината почнала да се спушта врз манастирот и почнале да се одвиваат необјасниви настани. Преку интервјуа со актерите, мемоари и други документирани извори, била исткаена таписерија, чии нишки биле составени од темни сили, човечки слабости и желби што ги искушувале дури и најтврдокорните.
На крајот, по исцрпувачки егзорцизам кој траел 72 часа, Ема била ослободена од страдањето. Таа го поминала остатокот од својот живот во мир.
Егзорцизмот на Ема Шмит останува најшироко документиран и објавен егзорцизам во американската историја.
Покрај Ал Пачино, во филмот глумат и Ешли Грин, Абигејл Ковен, Марија Камила Џиралдо, Патрик Фабијан и Дејвид Мидел. Филмот е режиран и напишан од Дејвид Мидел.


