Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Венус Вилијамс: Јас сум голем фан на Ѓоковиќ, би сакала да го видам како го освојува 25. грен слем трофеј

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн во добро расположение, каде што ќе се обиде на Австралија опен да ја освои својата 25-та грен-слем титула во кариерата.

Нема да му биде лесно на Ѓоковиќ, бидејќи ќе игра против Јаник Синер во потенцијалното полуфинале, а во евентуалното финале негов противник е Карлос Алкараз.

Како дел од подготовките во егзибициски меч го победи Франсес Тиафо и го најави својот настап на 11 Отворено првенство на Австралија.

Во текот на денот, Ѓоковиќ имаше средба со една од најголемите легенди на женскиот тенис, Американката Венус Вилијамс.

После тоа, Венус Вилијамс даде изјава за Ѓоковиќ, велејќи дека е негов голем фан и дека се надева дека ќе игра долго време, како и дека ќе ја освои толку посакуваниот 25 пехар од грен слем турнирите:

– Јас сум голем фан на Новак Ѓоковиќ. Би сакала да го видам како ја освојува својата 25 грен слем титула. И не смееме да го изгубиме. Ни треба да игра уште неколку години – рече Венус Вилијамс.

Ѓоковиќ против Педро Мартинез во првото коло на Австралија опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот