Новак Ѓоковиќ/EPA/JOEL CARRETT

Ѓоковиќ против Педро Мартинез во првото коло на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во првото коло од грен слем турнирот Австралија опен против Педро Мартинез, одлучи ждрепката во Мелбурн. Шпанецот е 71 рекет во светот и има 28 години, а Ѓоковиќ никогаш претходно не играл против него.

Освојувачот на рекордни 10 титули од Австралија опен, Ѓоковиќ е во истиот дел од ждрепката како и двократниот последователен шампион Италијанецот Јаник Синер, со кого би можел да игра во полуфиналето.

Потенцијален противник на Ѓоковиќ во второто коло би можел да биде Французинот Теренс Атман, во третото коло би можел да игра против Шпанецот Роберто Баутиста Агут, Американецот Брендон Накашима, или Холанѓанецот Ван де Зандшулп, додека во четвртото коло негови можни противници се Чехот Јакуб Меншик, Талон Грикспор од Холандија и Полјакот Хуберт Хуркач.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ би можел да се соочи со Американецот Тејлор Фриц или Италијанецот Лоренцо Мусети, додека во полуфиналето, можни противници се Синер, Американецот Бен Шелтон и Норвежанецот Каспер Руд. Од другата страна на ждрепката се Шпанецот Карлос Алкараз и Александар Зверев од Германија, со кои Ѓоковиќ нема да може да игра до финалето.

Синер ќе ја започне одбраната на титулата против Французинот Уго Гастон, а првиот носител Алкараз ќе игра против Австралиецот Адам Волтон во првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот