Велкоски против Селтик за влез во групите на Лига Европа

twitter.com/MacedonianFoot

После возбудувањата во Лигата на шампионите во изминатите два дена, денеска продолжува Лига Европа со натпреварите од плеј-офот.

Во последната фаза како последна пречка за влез во групите имаме и наши фудбалери кои со своите клубови ќе се обидат да обезбедат европска есен.

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски со босанската екипа на Сараево ќе се обиде на домашен терен во „Билино Поље“ во Зеница (20.00 часот) да го изненади шкотскиот гигант Селтик.

– Играчите се подготвени и со нетрпение го очекуваат овој натпревар, да покажеме колку вредиме, но и да направиме чекор напред во Европа. Свесни сме дека зад нас има голема армија навивачи. Лошото е тоа што тие ги нема на овие натпревари. Се обидуваме да одиграме најдобро што можеме и да постигнеме добар резултат. Имаме многу квалитетни играчи, а тренерот (Винко Мариновиќ) е тука да одлучи кој ќе започне од првата минута. Кој и да биде во првите 11, ќе го даде својот максимум. Атмосферата е феноменална, ние сме како едно семејство и затоа имаме добри резултати – рече Велкоски на прес конференцијата пред мечот.

Аријан Адеми и неговите тимски колеги во Динамо Загреб/Фото: Твитер

Од 19.00 часот Динамо Загреб на Аријан Адеми дома ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога против Флора од Естонија. Потоа, од 20.00 часот Риека на Дарко Велковски гостува во Данска кај ФК Копенхаген (во хрватската екипа Милан Ристовски е повреден), а во истиот термин унгарскиот МОЛ Фехервар на Висар Муслиу и Бобан Николов на гостински терен во Белгија игра против Ст. Лиеж.

Од 20.30 часот албанската Тирана на Кристијан Тошевски и Филип Најдовски ќе играат на гости во Швајцарија против Јанг Бојс.

А од 21.00 часот Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски игра против австрискиот ЛАСК. За нашиот дефанзивец се шпекулира заминување од португалскиот клуб.

Од другите поинтересни мечеви ги одвојуваме Розенборг-ПСВ, АЕК-Волфсбург, Ренџерс-Галатасарај, Рио Аве-Милан, а Тотенхем кој ја елиминираше Шкендија за противник од 21.00 часот го има израелскиот состав на Макаби Хаифа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот