Проблеми за У21 надежите: Ристовски шест месеци надвор од терените!

фото: твитер

Еден од клучните играчи во младата македонска репрезентација, Милан Ристовски поради тешка повреда пола година ќе отсуствува од фудбалските натпревари.

Тој е член на хрватскиот клуб Риека, тамошните медиуми информираат дека станува збор за незгодна повреда, односно скршеница на скочниот зглоб која ја здоби за време на еден од вчерашните вечерни тренинзи.

Веднаш беше опериран и првите информации велат дека најмалку шест месеци нашиот играч ќе биде надвор од терените.

Нашата У21 репрезентација се бори за место на следното Европско првенство, моментно во квалификациската група „6“ е на делба на второто место со по 10 бодови заедно со Казахстан, шест помалку од лидерот Шпанија.

Овој месец Ристовски придонесе со важен погодок во гостинската победа над Фарски Острови, а до крајот на квалификациите остануваат за нас уште четири меча. На 8 октомври е гостувањето кај Казахстан, пет дена подоцна играме против Израел. На 12 ноември играме на теренот на Израелците, а на 17 ноември ќе ја пречекаме Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот