Македонските надежи го освоија Торшавн, важни три бода на патот кон ЕП!

фото: ffm.mk

После минималниот и несреќен пораз во Скопје од европскиот шампион Шпанија, денеска се вратија насмевките кај нашите млади фудбалери откако со 1:2 забележа многу значаен триумф против селекцијата на Фарски Острови.

Во својот шести натпревар од квалификациите за пласман на наредното Европско првенство, македонската У21 репрезентација дојде до третата победа во групата „6“.

Како што и се очекуваше нашата репрезентација имаше повеќе од контролата на играта, стекна водство во 16 минута преку Ристовски (0:1) после асистенцијата на Даци.

Во 80 минута Ацковски се погрижи за зголемување на позитивата, а домаќините само го ублажија нивниот пораз преку Кнудсен во 84 минута од средбата.

Со овие три бода избраниците на селекторот Благоја Милевски се искачија на второто место со 10 бодови, шест помалку од лидерот Шпанија. Потсетување дека победниците од сите групи одат директно на континенталниот собир, како и петте најдобри втори репрезентации.

До крајот на квалификацискиот циклус „црвено-жолтите“ имаат уште четири натпревари сите закажани годинава, на 8 октомври е гостувањето кај Казахстан, пет дена подоцна на домашен терен ќе играме со Израел.

На 12 ноември е возвратниот дуел на теренот на Израелците, а завршуваме на 17 ноември дома против Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот