Несреќен пораз за младите фудбалери: Митровски промаши пенал за бод против европскиот шампион

epa08644410 Spanish Dani Gomez (R) in action against of Dimitar Mitrovski (L) North Macedonia during the 2021 European U21 Football Championship Qualifiers between North Macedonia and Spain in Skopje, Republic of North Macedonia, 03 September 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI caption correction

Младата фудбалска репрезентација на Македонија оствари доживеа несреќен пораз од актуелниот европски шампион до 21 година, селекцијата на Шпанија во квалификациите за ЕП.

„Црвената фурија“ победничкиот гол го постигна во 83. минута од пенал и тоа преку младиот напаѓач на Реал Мадрид, Хуго Дуро.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаа одлична шанса да останат непоразени во дуелот со европскиот шампион но пеналот на Димитар Митровски во 87. минута го одбрани шпанскиот голман Мартинез.

Со поразот, младите фудбалери не успеаја да го искористат подарокот од врсниците од Фарските Острови и од Црна Гора кои ги совладаа директните конкуренти за второто место на табелата, Израел (3:1), односно Казахстан (4:0).

Македонските млади репрезентативци беа рамноправен ривал на моќната Шпанија во текот на целиот натпревар на кој изостанаа возбудувањата, противникот имаше минимална предност во поседот на топката (47/53), како и во шутевите во рамките на голот (1/2) и корнерите (1/3).

Моментот на невнимание во 81. минута се покажа како клучен момент за исходот на натпреварот, Никола Серафимов го фаулира Пипа по што романскиот судија Фесник покажа на белата точка. Успешен реализатор беше Дуро во 82. минута.

Избраниците на селекторот Милевски само пет минути подоцна добија одлична можност да останат непоразени откако гостинскиот голман Мартинез со својот шеснаесетник при нафрлена топка собори двајца македонски репрезентативци по што судијата Фесник досуди пенал. Митровски слабо го изведе пеналот и голманот Мартинез се извади за прекршокот.

По пет кола, Македонија останува на делба на третото место со Казахстан и Црна Гора со седум бода, додека Шпанија е лидер на табелата со 16 бода, а Израел е втор со осум бода.
Следниот предизвик за младите фудбалери е веќе по само пет дена кога и гостуваат на селекцијата на Фарски Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот