Ристовски на „радарот“ на турски гигант и клуб од „Ла Лига“!?

фото: твитер

Најновите информации дека има клуба кои покажуваат интерес за македонскиот одбранбен репрезентативец. Според турските медиуми, Бешикташ е во потрага по нов десен бек, еден од најпознатите фудбалски клубови во таа земја ја следи ситуацијата со Стефан Ристовски.

Нашиот играч со екипата на Спортинг Лисабон има важечки договор до 30 јуни 2022 година. Од сезоната 2017/2018 ги брани боите на овој тим, лани запиша 21 настап во најсилниот португалски шампионат.

Покрај Бешикташ, нашиот дефанзивец е понуден и на клуб кој сезонава игра во најквалитетното шпанско првенство.

Станува збор за составот на Ваљадолид кој новата сезона ја стартуваше со два бода во досегашните три натпревари од „Ла Лига“.

Во својата клупска кариера беше дел уште од Риека, Латина, Бари, Фросиноне, Кротоне, Парма и Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот