Ватикан ја претстави паметната бројаница која се поврзува со телефонот и го олеснува молењето (ФОТО)

Printskrin: https://erosary.clicktoprayerosary.org

Ватикан најави лансирање на паметен пренослив уред кој се поврзува со посебна апликација за телефон со цел корисникот да може да се моли.

„Click to Prayer eRosary“ е пренослив уред во облик на крст кој се поврзува со бесплатната апликација на телефонот која го следи прогресот на корисникот.

Уредот се активира кога ќе направите знак во облик на крст.

– Кога бројаницата ќе се активира, корисникот има можност да ја избере молитвата која ја сака, а тие секоја година ќе бидат апдејтирани, стои во соопштението кое го објави Ватикан.

Printskrin: https://erosary.clicktoprayerosary.org

Целта на новиот гаџет е мобилизирање на верниците преку акција и молитви.

Уредот има „паметен крст“ кој може да се носи како нараквица, а се продава по цена од 110 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот