ФОТО: Порасна цената на импозантниот имот во кој некогаш живееше Шон Конери

Фото: Профимедиа

Ѕирнете во оваа вила од соништата…

Поранешниот дом на Шон Конери во Ница е на продажба по цена од 34 милиони евра. Станува збор за луксузен имот со феноменален поглед кој го одзема здивот. Имотот вредеше нешто помалку, но по неговата смрт, цената порасна.

Раскошната куќа на југот на Франција, оддалечена само 30 минути од Монако и Кан, му служела на Конери како семејно гнездо во кое живеел со неговата сопруга, сè додека пред 12 години не одлучиле да се преселат на Бахамите, каде што актерот почина на 31 октомври.

Импозантната вила која се простира на 1.000 квадратни метри станбен простор, опкружена со повеќе од 5.000 квадратни метри велелепен двор со поглед кон тиркизното море, маѓепсува како со ентериерот, така и со екстериерот.

Импозантниот имот има дури 8 бањи и 8 спални соби.

Освен тоа, има отворен и затворен базен, сопствена теретана, две посебни гостински куќи и уште многу задоволства.

Доволно ви раскажавме, погледнете го ова царство во срцето на Франција…

профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа
профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот