Вака се носат хеланки: ВИКТОРИЈА БЕКАМ го подигна овој тренд на многу повисоко ниво

profimedia

Викторија Бекам се појави на улиците во Париз во парче облека кое многу лесно може да стане нејзин заштитен знак.

Стилот од 80-те се враќа модната сцена на голема врата.

Викторија ги искомбинира хеланките со долг Chanel кардиган.

profimedia

Дополнително го надогради ова, инаку спортско, парче облека со ластик траки кои ги провлече под белите штикли.

Рачната торба со нејзиниот потпис исто така е ефектен моден детал во оваа комбинација.

profimedia

Со оглед дека Викторија е позната по пантолоните со широки ногавици, нејзината новоткриена љубов кон хеланките сугерира на тренд кон истакнување на витката силуета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот