Ужасната тајна на сопругот на Сара Џесика Паркер: Убил мајка и ќерка и тврдел дека ништо не се сеќава

Instagram
Instagram

Актерот Метју Бродерик има бурно минато зад себе, па малкумина знаат што направил.

Метју е 24 години во брак со ѕвездата на „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер. Иако живее повлечен живот далеку од очите на јавноста, актерот е виновен за трагедија што се случила во 1987 година.

Во 1987 година, за време на одмор во Ирска, популарниот актер по грешка преминал на спротивната лента на патот и предизвикал тежок судар во кој загинале Ана Галагер и нејзината мајка Марагерт Доерти. Ќерката имала 28, а мајката 63 години.

Метју поради несреќата имал скршено ребро и потрес на мозокот. По несреќата тој во разговор со полицијата изјавил дека воопшто не се сеќава на сообраќајната несреќа.

– Единствено се сеќавам дека се разбудив во болница и дека имав чудно чувство во ногата – рекол актерот во полиција.

Меѓу другото, Бродерик тврдел дека страда од делумна амнезија, за подоцна да ја признае вината. Иако тој е главниот виновник за несреќата, наместо пет години затвор, суден е поради невнимателно возење и платил казна од 175 долари.

Фото: Профимедиа

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик се венчаа во мај 1997 година. Сара не се омажи во венчаница, туку во црвен фустан. На новинарското прашање зошто не е во бело како сите жени на овој свет, таа изјави дека ѝ било срам да носи бело.

Пет години подоцна, тие го добија синот Џејмс Вилки. Со помош на сурогат-мајка во 2009 година ги добија близначките Лорета и Табита.

Семејството Паркер-Бродерик живее во Њујорк од 2009 година, а многу време поминуваат на фарма во Ирска, каде Метју летувал како дете.

Метју и Сара важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд.

1637496470_profimedia-0025589007.jpg

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот