УС Опен: Медведев експресно во осминафиналето, Поспишил го шокира Баутиста Агут
Третиот носител се пласира во осминафиналето на УС Опен откако во три сета и за помалку од два часа со 6:3,6:3,6:2 го совлада Американецот Џефри Џон Вулф.
Медведев искористи седум од вкупно 10 брејк топки, а имаше и 13 отсервирани асови за лесен триумф над американскиот тенисер.
Нареднииот противник на Данил Медведев ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Мартон Фучович и Френсис Тиафо кои играат доцна вечерва.
Во вистински маратонски меч, Васек Поспишил направи вистински подвиг и го победи фаворизираниот Шпанец Роберто Баутиста Агут со 7:5,2:6,4:6,6:3,6:2.
Пет сета играа и Алекс Де Минаур и Карен Хачанов, а триумфот му припадна на австралискиот тенисер и тоа со 6:4,0:6,4:6,6:3,6:1.
За разлика од нив, Русинот Андреј Рубљев освои два сета со нула против Карузо (6:0,6:4,6:0).
Кај дамите, дерби пресметката на Американките и припадна на ветеранката Серена Вилијамс која го продолжува атакот на 24. грен слем титула во поединечна конкуренција.
Вилијамс со пресврт, откако го загуби почетниот сет, успеа да ја совлада Слоун Стивенс и тоа со 2:6,6:2,6:2. Иако требаше да биде еден од најнеизвесните дуели, Марија Сакари и препушти само четири гема на (6:3,6:1) на талентираната тенисерка од САД, Аманда Анисимова.