Урош Зорман по жрепката: Словенија е фаворит, не ги отпишуваме Македонците

фото: EPA-EFE/Marcin Bielecki

Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија во четвртокот со жрепка ги дозна противниците во квалификаците за пласман на Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.

Нашата селекција е во квалификациската група „1“ заедно со Словенија, Литванија и Естонија.

Квалификацискиот циклус ќе го стартуваме на домашен терен со натпреварот против Естонија. Целиот распоред на мечеви можете да го погледнете ТУКА

Селекторот Кирил Лазаров верува дека Македонија има реални шанси да се пласира на следниот континентален шампионат.

Свој коментар за квалификациската група имаше словенечкиот селектор Урош Зорман:

– За време на жрепката избегнавме некои тимови од вториот барабан, кои дефинитивно се повисоко рангирани од Македонија. Но, тоа не значи дека можеме само да ги отпишеме Македонците. Репрезентациите од третиот и четвртиот барабан носат малку комплицирани патувања со нив, но можеме да бидеме задоволни со жрепката. Ние сме фаворити во групата, но оваа улога ќе треба секојпат да ја оправдуваме со настап на теренот – вели Зорман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот