Лазаров задоволен од ждрепката за Македонија: Имаме реални шанси да се пласираме на Европското првенство

Фото: РФМ/Фејсбук

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противниците во квалификациите за пласман на следното Европско првенство во 2026 година.

Следниот континентален собир ќе се организира во три држави: Данска, Шведска и Норвешка. Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група „1“ со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.

Селекторот Кирил Лазаров смета дека Македонија во ваква конкуренција има добри шанси за пласман на Европското првенство.

„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“.

ВИДЕО | Србија се падна во група со Косово на Европското првенство, па следуваше корекција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот