Познат распоредот на Македонија на Европското првенство

Фото: RFM

Откако беа извлечени групите за ракометното Европско првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка одреден беше и распоредот на натпреварите.

Ждрепката сакаше Македонија да игра во група со Словенија, Литванија и Естонија. Квалификациите ќе ги стартуваме во октовмри кога на домашен терен ќе се соочиме со Естонија, а потоа ќе гостуваме на Литванија.

Во март 2025 година ќе одиграме два натпревари со Словенија, прво на наш терен, а потоа и на гостински. Групата ќе ја завршиме во мај со гостување во Словенија и домашен натпревар со Литванија.

Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани селекции од групата и четирите најдобро третопласирани селекции.

ФОТО: Македонија во група со Словенија, Литванија и Естонија во квалификациите за ЕП 2026

ВИДЕО | Србија се падна во група со Косово на Европското првенство, па следуваше корекција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот