ФОТО: Македонија во група со Словенија, Литванија и Естонија во квалификациите за ЕП 2026

Македонската ракометна сениорска репрезентација/фото: РФМ

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противниците во квалификациите за пласман на следното Европско првенство во 2026 година.

Следниот континентален собир ќе се организира во три држави: Данска, Шведска и Норвешка.

Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група „1“ со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.

Првите натпревари ќе се играат во октомври оваа година, ќе се продолжи во март 2025, а квалификацискиот циклус ќе заврши во мај 2025 година. Пласман ќе обезбедат првопласираните две репрезентации, како и четири најдобро третопласирани од секоја група. Покрај домаќините, директно учество за следното ЕП обезбеди светскиот шампион Франција.

Во продолжение погледнете ги сите квалификациски групи на патот кон ЕП 2026:

фото: принтскрин/youtube.com/@HomeofHandball

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот