Фото: ЈП Улици и патишта

Улицата „Белградска“ во Скопје станува еднонасочна

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ информира дека е поставена нова вертикална сигнализација за еднонасочен сообраќај на улицата „Белградска“ во Скопје, над Клинички центар, кај Тасино Чешмиче. Новиот режим се однесува на делот од улицата што се движи од булевар „Мајка Тереза“ кон улицата „Димче Мирчев“.

– Изминатиот викенд, екипи на ЈП Улици и патишта ја поставија новата сигнализација согласно основниот сообраќаен проект, со што официјално се воведува еднонасочен сообраќај на оваа сообраќајница – стои во соопштението.

Фото: ЈП Улици и патишта

Од претпријатието апелираат до сите учесници во сообраќајот внимателно да го следат и почитуваат новото сообраќајно решение, со цел да се избегнат несакани инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот