Гасовод / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Украина ќе добие попуст на цената на природниот гас по Трансбалканскиот коридор

За време на министерскиот состанок на високо ниво за меѓусебно поврзување во Централна и Југоисточна Европа (ЦЕСЕК), одржан во Букурешт, беше постигнат договор за воведување на тарифен попуст на „Рута 1“ од Трансбалканскиот коридор, што ќе овозможи попрофитабилно снабдување со природен гас за Украина, објави Министерството за енергетика на Украина на социјалната мрежа „Фејсбук“, објави Укринформ.

Оваа одлука е важен чекор кон постепено прекинување на испораките на руски гас на европскиот пазар и зајакнување на енергетската безбедност на Европа, изјави заменик-министерот за енергетика на Украина, Микола Колисник.

„Украина се обидува да ги диверзифицира рутите за снабдување со гас што е можно повеќе и да обезбеди најповолни цени. Оваа одлука е исклучително важна, особено пред зимската сезона. Благодарни сме им на нашите партнери за нивната поддршка и за воспоставување конкурентна тарифа што ни овозможува да преговараме (испораки на) течен природен гас по поволни услови“, нагласи Колисник.

Учесниците разговараа и за зголемување на капацитетот на постојните рути и развој на нови рути за снабдување со гас и електрична енергија во регионот, со цел зголемување на ликвидноста на енергетскиот пазар и постигнување избалансирана потрошувачка. На состанокот беа забележани и достигнувањата од една деценија соработка во рамките на меѓусебното поврзување во Централна и Југоисточна Европа и беа идентификувани приоритетни проекти за идна соработка, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот