Македонка е уапсена во Хрватска, се бараат уште двајца измамници ѝ однеле 40.000 евра на 87-годишна жена
Загрепската полиција уапси 25-годишна државјанка на Македонија, а по нејзините непознати соучесници се трага
Загрепската полиција уапси една измамничка од тричлена банда, наводно сите државјани на Македонија, кои, глумејќи лекари, зеле 40.000 евра од 87-годишна загрепчанка, објави „Јутарњи лист“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Уапсена е 25-годишна државјанка на Македонија, додека по нејзините сонародници, засега со непознат идентитет, и понатаму се трага, а полицијата ги товари за кривично дело измама, извршено со цел стекнување противправна имотна корист.
Тие уште на 22 декември минатата година, во попладневните часови, ѝ се јавиле телефонски на 87-годишната жена. Машкиот измамник лажно се претставил како лекар, наведувајќи дека нејзината ќерка е во болница и дека, поради скршеница на ногата, итно е потребна операција.
– Операцијата чини 50.000 евра – ѝ рекол лажниот лекар на загрепската пензионерка.
Жената му одговорила дека има 40.000 и го замолила барем да разговара телефонски со својата ќерка.
– Таа во моментов не е во состојба да зборува – ѝ одговорил измамникот на жртвата, продолжувајќи да врши притисок околу плаќањето на наводната операција.
Гевгеличанец возел мртов пијан, бегал од полицијата и со колата се забил во споменик на сретсело
Потоа, следното утро, 87-годишната жена повторно добила телефонски повик, но овој пат измамничката глумела дека е ќерката на жртвата и ја уверувала во приказната за несреќата, скршеницата, операцијата…
Не поминало многу време, а измамникот ја убедил пензионерката парите, односно тие 40.000 евра што ги има, да ги подготви во кеса, по што наскоро ќе ги подигне човек од доверба.
Нешто подоцна, 25-годишната државјанка на Македонија со такси дошла на адресата на оштетената во подрачјето на Дубрава, која навистина ѝ ги предала парите, односно 40.000 евра – велат од Полициската управа Загреб, која измамничката ја предала на притворски надзорник со кривична пријава, додека по другите двајца измамници и понатаму интензивно се трага.
„Ги повикуваме граѓаните на зголемена претпазливост кога им се јавуваат непознати лица кои се претставуваат како службени лица, банкарски службеници, лекари и слично, и се распрашуваат за пари и за финансиската состојба. Полициските службеници никогаш телефонски не ја проверуваат финансиската состојба на граѓаните, ниту ги известуваат дека кај себе имаат „лажни пари“. Затоа, ако примите ваков или сличен повик, бидете сомничави! Прекинете го повикот и за тоа веднаш известете ја најблиската личност, односно лице во кое имате доверба, како и полицијата на бројот 192. Исто така, ја користиме оваа прилика повторно да потсетиме на овој облик на измама, кога сторителите, создавајќи привид на ситуација во која е потребна итна медицинска помош за член на семејството, лажно се претставуваат како лекари со цел да одземат пари,“ апелираат од загрепската полиција.


