Гевгеличанец возел мртов пијан, бегал од полицијата и со колата се забил во споменик на сретсело
43-годишен возач од Гевгелија вчеравечер е уапсен откако на граничниот премин „Богородица“ не застанал на знак за запирање од полицајци и потоа бегајќи удрил со колата во споменик во селото Богородица.
Препорачано
Претходно, околу 21 часот, полицијата на граничниот премин „Богородица“ му дала знак да го запре возилото „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки што го управувал, но тој не застанал, веднаш потоа изгубил контрола и со колата удрил во споменик во центарот на селото.
„Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на итна медицинска помош Гевгелија. Додека, по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
6час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


