Фото: Слободен печат / Драган Митрески

15-годишен чирак во арачиновска берберница го нападнал со остар предмет 14-годишниот син на газдата, исто така чирак во дуќанот

Чирак во берберница во Арачиново го натепал и со остар предмет го нападнал 14-годишниот син на газдата, исто така чирак во дуќанот, по што таткото на нападнатото момче го пријавил случајот во полиција.

„ На 11. март 2026 година, во 20:15 часoт во СВР Скопје, 41-годишниот Б.Р. од с. Арачиново, скопско, пријави дека околу 13:30 часот во берберница во с.Арачиново, по претходна расправија, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од 15-годишник, кој употребил и остар предмет, а со кого заедно работеле како чираци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ соопшти полицијата.

Скопјанец му се заканувал со нож на синот – судот го исели од дома на 30 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот