7.9 C
Скопје

Турција е преголем залак за одбојкарите, шансите за пласман ЕП останаа

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби со 1:3 во сетови (16:25,25:18,18:25,12:25) од Турција во квалификациите за ЕП, но ги задржа шансите за пласман на континенталниот собир.

На првиот квалификациски турнир кој се играше во Арената „Борис Трајковски“, македонските одбојкари имаат половичен скор, победа над БиХ и пораз од Турција, но од утре започнува и вториот турнир кој исто така се игра во Скопје.

Македонија има шанса и како второпласирана да обезбеди пласман на ЕП доколку биде меѓу петте најдобро вторпласирани селекции од седумте групи.

Првиот сет помина во целосна доминација на турските одбојкари кои максимално ги искористија грешките на нашите одбојкари. Турците поведоа со 0:4, потоа и со 2:6, блокот одлично функционираше, а малку грешеа и во нападот. Предноста постојано се зголемуваше и кога беше 11:19 стана јасно кој ќе го освои првиот сет.На крајот од сетот беше 16:25 за Турција.

Прочитајте и...  Во Москва уапсен екс дански репрезентативец и играч на Ливерпул бидјеќи протестирал против Путин

Во вториот сет сосема поинаква слика на теренот во Арената „Борис Трајковски“. Македонските одбојкари го пронајдоа вистинскиот ритам и на теренот изгледаше дека тоа е сосема поинаква репрезентација.
Првото водство за Македонија на натпреварот дојде преку Милев (2:1), а предноста постојано се зголемуваше, од 5:3, на 7:4 преку 10:6 до 16:10 што беше одлична најава за освојување на првиот сет за избраниците на селекторот Матијашевиќ. На крајот Македонија го освои сетот со 25:18 и израмни на 1:1 во сетови.

Во третиот и четвртиот сет, идентична слика од првиот, блокот и добриот сервис беа главното оружје на турските одбојкари , додека избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ имаа премногу технички грешки и на крајот мораа да и честитаат за победата на Турција.
Најдобар во македонската репрезнетација беше Никола Ѓоргиев со 18 поени, додека Александар Љавтов имаше 14 поени.
Одбојкарите утре ги очекува нов натпревар против БиХ во рамките на вториот квалификациски турнир и максималната победа во три сета  е императив за задржување на шансите за пласман на ЕП. 

Прочитајте и...  Сега е ОФИЦИЈАЛНО, Челси му даде отказ на Лампард

Поврзани вести

Червар: Ова не е неуспех за мене, ова е реалноста

Слободен печат

Македонија ЃП остана без Абдул Басит, напаѓачот потпиша за тунискиот шампион

Слободен печат

Федерер само на еден начин може да ги победи Ѓоковиќ и Надал

Слободен печат

Катастрофалното второ полувреме ги остави Хрватите без четвртфинале

Слободен печат

Е. Пелистер подобар од Горица на контролата во Словенија

Слободен печат

Капитенот Лазаров со поддрша за Мукаетов: Под неговот водство се изградивме како сериозна федерација

Слободен печат

Остави Коментар