Трае само пет дена – Направете комплетна детоксикација на телото со помош на маслинки

Фото: Профимедиа

Доколку сакате во краток временски период и тоа на здрав начин да ги исчистите наталожените токсини во телото, во тој случај, обидете се тоа да го направите со помош на маслинките. Имено, овој режим на исхрана, во никој случај не смее да трае повеќе од пет дена, но и за ова кратко време, вие ќе го постигнете посакуваниот резултат.

Важно е да се напомене дека, овој начин на детоксикација, мора да трае онолку денови колку што е предвидено, во спротивно може да си направите штета по сопственото здравје, бидејќи, за време на овој период нема да внесувате во телото доволно хранливи состојки.

Фото: Профимедиа

По истекот на препорачаното време, добро е подолг временски период да консумирате здрава храна, како што е овошје и зеленчук и се разбира да не се враќате на старите нездрави навики, бидејќи тоа може да доведе до уште поголемо зголемување на телесната тежина.

Доколку сакате да се обидете да ослабнете и да ги исфрите од телото насобраните токсини, во тој случај обидете се да се придржувате кон ова мени во петте препорачани дена.

Појадок:

За првиот оброк во текот на денот потребно е секогаш да јадете свежа салата која можете да си ја направите доколку ги користите следниве намирници: рукола, марула, краставици, маслинки, пиперка, домат, индиски ореви.

Фото: Профимедиа

Ручек:

За подготовка на ручекот, дозволено е да се внесуваат следните намирници: зелени и црни маслинки, маслиново масло, од 30 до 50 грама бадеми, ореви, лешници, индиски ореви…

Вечера:

Последниот оброк треба да ви биде составен од интегрални житарици: кафеав ориз, овес, јачмен, хељда, леб од цели зрна, рибата, јогурт, кефир, млеко со ниско ниво на масти…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот