„Телеком“ го „лапна“ тендерот на МВР вреден 5,7 милиони евра – Слободен печат
ВестиЕкономија

„Телеком“ го „лапна“ тендерот на МВР вреден 5,7 милиони евра

Случениот договор помеѓу двете страни е за тригодишен период.

По распишаниот тендер за набавка на телекомуникациски услуги за потребите на МВР, министерството за внатрешни работи одлучи да склучи тригодишен договор со компанијата „Македонски Телеком“ АД Скопје.

Според објавените податоци, вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 354.000.000 денари или околу 5,7 милиони евра.

Од МВР велат дека договорен орган не е во можност да го објави договорот бидејќи истиот содржи елементи кои се класифицирани со степен – „ИНТЕРНО“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close