„Те сакам и го сакам животот кој заедно го живееме“ – Ренди Гербер и Синди Крафорд прославија 22-годишнина од бракот (ФОТО)

инстаграм

Поранешната светски позната манекенка Синди Крафорд ја прослави 22-годишнината од бракот со партнерот Ренди Гербер со кој има две деца.

– Среќна годишнина. Пред точно 22 години со група пријатели заминавме на Бахамите и го изговоривме судбоносното „да“. Те сакам и го сакам животот кој заедно го живееме, му порача згодната Амриканка на својот сакан преку Инстаграм објавата со која го претстави случувањето тогаш.

На фотографијата таа и Ренди се ранат со свадбената торта која била декорирана со латици од црвени рози.

Ништо помалку романтичен на овој ден не беше ниту познатитот бизнисмен кој исто така ископира стара фотографија и напиша?

– Пред 22 години се обврзав да летам заедно со тебе Синди, оттогаш не те напуштив на тој лет. Среќна годишнина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот